Кина вети помош за Филипини

Кина соопшти дека е подготвена да испрати спасувачки и медицински екипи во Филипини, откако пред една недела островот беше погоден од катастрофален тајфун. Портпаролот на министерството за надворешни работи портпаролот Хонг Леи изјави дека Кина ги следи состојбите на Филипини и оти тимови за вонредни состојби ќе заминат во најтешко погодените области ако условите го дозволат тоа. Се уште не е познато дали екипите за помош се подготвуваат да заминат, или дали Филипинската влада ја прифатила кинеската понуда. Понудата за помош е скромна и изнесува 2 милиони долари. Аналитичарите сметаат дека скромната понуда на Кина е поврзана со тензиите околу спорот со Манила.