ОБСЕ: Изборите во Косовска Митровица се одвиваат мирно

Шефот на мисијата на ОБСЕ на Косово, Жан Клод Шлумберг изјави дека повторените локални избори во Косовска Митровица се одвиваат мирно и изрази задоволство од одзивот на гласачите.
Убеден сум дека тој одзив же продолжи во текот на денот. Нема проблеми и се се одвива во најдобар ред, изјави Шлумберг пред новинарите.
Тој додаде дека некои гласачи доаѓаат на избирачките места каде што не се регистрирани, но дека тоа моѓе да се поправи така што ќе отидат на местото каде се запишани.Изборите се повторуваат поради инцидентите на 3 ноември, кога гласањето се прекина веднаш откако група маскирани лица упаднаа и ги скршија гласачките кутии.