Лавров:Добри шанси за договор за нулкеарната програма

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека светските сили и Иран се блиску до прелиминарен договор за олеснување на меѓународната загриженост околу нуклеарната програма на Техеран и не треба да се пропушти шансата да се постигне истиот. Изјавите на Лавров следуваат ден откако иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, исто така, изрази оптимизам за шансите за обезбедување на договорот. Претставници од Иран и шестте светски сили Кина, Русија, САД, Германија, Франција и Велика Британија треба да одржат уште една рунда преговори во Женева следната недела. Разговорите во текот на месецот не резултираа со договор,ностраните се согласија дека има напредок. Техеран бара ослободување од меѓународните санкции. Иран негира дека ја користи својата нуклеарна програма за тајно да развива развива нуклеарно оружје.