Инаугурација на новиот грузиски претседател

На свечена церемонија во Тбилиси денеска ќе биде инаугуриран Ѓорги Маргвелашвили како претседател на Грузија. Тој победи на претседателските избори во земјата минатиот месец. Беше кандидат на владејачката коалиција на премиерот во заминување Бидзни Иванишвили. Според грузискиот закон, штом Маргвелашвили положи свечена заклетва, сегашната влада треба да поднесе оставка и парламентот да избере нова. Се очекува актуелната коалиција да остане на власт, бидејќи таа го има мнозинството во парламентот. Во пресрет на инаугурацијата, САД им оддадоа почит на лидерите во заминување на Грузија и ги повикаа оние кои доаѓаат на власт да "работат заедно". Иванишвили го нарече прозападниот претседател во заминување Михаил Саакашвили "политички мртовец," и предупреди дека може да се соочи со гонење. Саакашвили изјави дека тој нема да ја напушти Грузија.