Приведени илегални мигранти од Азија

Полицијата привела илегални мигранти од Сирија, Авганистан и Пакистан откако завчера вечер, околу 23 часот, при вршење редовна контрола, забележала повеќе сомнителни лица како влегуваат во три патнички возила со битолска, ресенска и струмичка регистарска табличка.
Мобилната едница за прекуграничен криминал ги пресретнала на автопатот „Александар Велики“, на патниот правец Скопје - Гевгелија, кај надвозникот во близина на село Прдејци. Во возилата имало по четири до пет патници.
Во близина на ТЕЦ-Неготино, едно од возилата, ненадејно запрело и го попречило движењето на полициските службеници и завртело во спротивен правец за да избега. Набргу другите две возила исто така застанале во близина на месноста Острово при што од нив излегле десетина лица кои почнале да бегаат во непознати правци.
Возачите на двете возила исто така се обиделе да побегнат, но биле спречени во намерата, по што се приведени.