Можен договор за иранската нуклеарна програма

Министерот за надворешни работи на Иран Џавад Зариф изјави дека се надева оти договорот за контроверзната нуклеарна програма на Иран,може да се разработина средбата помеѓу преставниците на Иран и шестте светски сили во Женева следната недела. Тој сепак додаде дека иранските власти ќе побараат на Иран да му бидат признаени "нуклеарните права". Неименуван висок американски претставник во Вашингтон изјави дека е возможно да се постигне договор. Тој сепак, предупреди дека се уште има тешки прашања за кои треба да се преговара. Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон ќе се сретне Зариф во Женева на 20 ноември. Високи официјални претставници од Кина, Русија, САД, Германија, Франција и Велика Британија ќе се приклучат во дводневните разговори закажани за 20 и 21 ноември. Иран и светските сили не успеаја да постигнат договор минатиот викенд, и покрај извештаите дека е постигнат напредок во постигнување договор.