Продолжуваат безредијата на Западниот брег

Израелските војници на Западниот Брег привеле четири палестински деца на возраст од 5 до 9 години на повеќе од еден час. Нивниот портпарол призна дека војниците само накратко ги привеле малолетните лица за време на безредијата во северниот дел на Западниот брег.
Палестинските активисти соопштија дека судирите со војниците избувнале за време на неделните протести против израелската окупација од страна на Палестинците и меѓународни активисти.