Денеска „Марш на толеранцијата“ во Скопје


Под слоганот „Македонија има љубов за сите - Насилството не почнало и нема да заврши со мене!“, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и ЛГБТИ центарот за поддршка денеска ќе го одржат петтиот по ред Марш на толеранцијата. Маршот ќе почне во пет до дванаесет часот, пред Владата на Република Македонија. Организаторите соопштуваат дека овогодинешниот Марш, кој се организира по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранцијата е посветен на правото на живот ослободен од насилство.