Бугарија и Романија нема да влезат во Шенген на 1 јануари

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо

Бугарија и Романија не можат да влезат во Шенген зоната на 1 јануари 2014 година, изјави денеска во Брисел претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
Претставникот на Европската комисија Фредерик Винсент објаснил дека ЕУ „не е подготвена за проширување на Шенген зоната“. Меѓу другото, против се изјасниле Германија, Франција и Холандија.
Романија неколку пати е одбивана со образложение дека недоволно ефикасно се бори против корупцијата, организираниот криминал, обезбедувањето на границите и исполнувањето на обврските за интегрирање на Ромите.