Во Коломбо, самит на земјите од Комонвелтот

Британскиот принц Чарлс денеска во Коломбо, Шри Ланка, формално го отвори самитот на Комонвелтот. Многумина го критикуваа одржувањето на самитот на Шри Ланка поради кршењето на човековите права во таа земја, а лидерите на Канада, Индија и Маурициус воопшто не допатуваа. Во Комонветот има 53 земји членки, главно од Африка и Азија, со популација од околу 2 милијарди луѓе.