Потврдени над 3.600 жртви од тајфунот на Филипини

Владата на Филипини ги отфрла критиките дека потфрлила во доставувањето хуманитарна помош за настраданите од тајфунот Хаијен, истакнувајки дека има многу предизвици. Многумина од настраданите се жалат дека не добиле ништо. Во меѓувреме, потврдено е дека над 3600 луѓе загинале во невремето пред една недела, а 600.000 се расселени. ПОвеќе странски држави испратија храна, вода и медицински материјали како помош за настраданите.