Рајс - Израел виновен за новите тензии со Палестинците

Неодамнешните најави од страна на Израел дека планира да гради нови населби се виновни за свежите тензиите меѓу еврејската држава и Палестинците, изјави Сузан Рајс, советник за национална безбедност на американскиот претседател Барак Обама.

Таа изјави дека САД остануваат посветена на блиско – источните мировни преговори, но нагласи дека Вашингтон верува оти градежните планови за еврејските населба им штетат на овие напори. Рајс го повтори ставот на американскиот државен секретар Џон Кери, кој минатата недела за време на посетата на регионот побара од Израел да се ограничи градењето на населби во окупираните територии, активност што тој ја нарече „нелегитимна“. Според него тој потег ќе им помогне на мировните преговори да се вратат на вистинскиот пат.