Разбиена голема порнографска мрежа

Деца од Украина, Романија и Германија биле користени во светски распространета организирана порнографска мрежа со седиште во Канада. Полицијата од Торонто соопшти дека биле уапсени 348 луѓе во неколку земји во една од најголемите меѓународни акции против детската порнографија. Биле спасени 386 деца користени за снимање порно филмови. Брајан Веј, шеф на Азов Филмс од Торонто е осомничен дека ја предводел мрежата. Порнографските содржини со деца на возраст меѓу 5 и 12 години им биле нудени на купувачи во 94 земји. Германецот Маркус Рудолф Рот е осомничен дека држел обука за боречки вештини во градот Залау во северна Романија за да може да ги намами момчињата за снимање порно филмови. Властите велат дека тој ги продавал видео снимките за 1000 долари. Рот беше уапсен во 2010 година.