ОН - На ирачките безбедносни сили им треба промена во културата

На ирачките безбедносни сили им треба „огромни количини на преквалификација“ во областа на човековите права. Тоа е оцената на новиот претставник на ОН во Багдад, Николај Младенов. Младенов, кој е поранешен бугарски министер за одбрана и за надворешни работи, изјави дека вооружените сили на Ирак и полицијата треба да подлежат на „промени во културата.“ Ирачките безбедносни сили беа критикувани, особено од страна на сунитските Арапи, кои тврдат дека војниците и полицајците се неправедно насочени против нив. Младенов рече дека Багдад треба да направи повеќе за да ја интегрира оваа заедница. Младенов исто така укажаа на позитивни промени во Ирак, вклучувајќи го и неодамнешното усвојување на изборниот закон и поставувањето рамка за гласање, со кои се нуди можност за зголемување на соработката меѓу политичките фракции во Ирак.