Мета: без народот нема одлука за сириското оружје

Претседателот на албанскиот парламент Илир Мета денеска им порача на демонстрантите во Тирана, кои протестираат поради можното складирање на сириското хемиско оружје во Албанија, дека ниту една одлука нема да биде донесена без народот. „Мислам дека има доста шпекулации, тоа јасно го кажавме. Секогаш сме на ваша страна и бидете убедени дека овој парламент и оваа влада нема да биде против вашата волја“, изјави Мета. Протестите пред парламентот ги организираа цивилните групи и студентите, а им се придружија и средношколците.