Екс германскиот претседател Вулф на суд

Кристијан Вулф

Денеска во Хановер почна судски процес против поранешниот германски претседател Кристијан Вулф кој е обвинет за корупција. Овој случај беше причината тој да поднесе оставка во 2012 година. Обвинувањето се засновува врз неговата согласност на бесплатна хотелска соба во вредност од 719 евра за време на Октоберфест во Минхен. За возврат тој требало да напише писмо до германскиот гигант „Сименс“ да даде пари за филм на еден режисер. На 54 годишниот Вулф своевремено се гледаше како на наследник на канцеларката Ангела Меркел.