СДСМ и МВР за Шиповиќ

„Надвор од секаква демократска практика СДСМ се промовира во единствената политичка партија во Европа која врши директни притисоци врз органите на прогонот, обидувајќи се да ја преземе улогата на полицијата, обвинителството и судот, одредувајќи кој е виновен, а кој не“. Ова се наведува во реакцијата од МВР на изјавата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов кој денеска праша зошто МВР и покрај одобрената екстрадиција се уште не праќа свој претставник за да го преземе Мирослав Шиповиќ кој беше уапсен во Виена по потерницата за случајот „Машинопромет“.