Дерала: проектот е завршен навреме и е на полиците на СРД

Џабир Дерала од невладината Цивил се обрати до македонската јавност со намера, како што вели, да истакне неколку едноставни факти кои се замаглени по пишувањата во дневниот печат, а во врска со неговиот спор со Советот за радиодифузија на РМ.
„Јас сум автор на проектот „Кажи НЕ за оружјето“, едукативна ТВ серија од 30 епизоди, посветена на надминување на култот кон оружјето и насилството. Проектот беше одобрен од Советот за радиодифузија. За мојот проект СРД, на предлог на ескперти ангажирани од надвор, одобри 1,620,000 денари (околу 26,000 евра), од кои досега се исплатени само 810,000 денари (околу 13,000 евра). Сите 30 епизоди се продуцирани и предадени на СРД во предвидениот рок. Во рекордно краток период беа спроведени и техничките корекции по забелешките од експертите на СРД“.
вели во соопштението до медиумите Џабир Дерала.
Откако тужба против Дерала падна во првостепена постапка, сега, во текот на жалбената постапка на СРД пред Апелација, повторно, наведува тој, се појавија неточни информации и обвиненија против мене во јавноста. Значи, заклучува Дерала, јас како автор не должам пари на СРД, туку обратно. Јас го завршив проектот и чекам тој да се емитува во македонскиот етер. За ситни пари завршивме голем проект. Тој е на полиците на СРД веќе подолго време.