Турција се надева на противракетниот систем од Кина

Турскиот Премиер Реџеп Таип Ердоган

Турција се надева дека во следните шест месеци ќе завршат преговорите со Кина и од таа држава ќе биде купен првиот противракетен систем со голем дострел, изјави денеска директорот на турскиот потсекретаријат за воена индустрија Мурад Бајар.
Тој додаде дека турските власти ќе разгледаат и понуди од други светски компании, доколку преговорите со кинеската компанија пропаднат. НАТО претходно реагираше дека Турција како членка мора да има коппатибилен систем со Алијансата.
Кинеската компанија за увоз и извоз на прецизна механика ЦПМИЕЦ, од друга страна е под американски санкции заради продажба на оружје и ракетни технологии за Иран и Сирија. Договорот со Турција за ракетниот систем XQ-9 би бил вреден 2,9 милијарди евра.