Не е можно Aлбанец да биде градоначалник на Северна Митровица

Во општина Северна Митровица не е можно да биде избран албански градоначалник бидејќи и во случај Агим Дева да биде избран, не мислам дека би бил во можност да управува со општината, изјави министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај. Градоначалникот и општината мора да бидат одраз на етничкиот и демографски состав на секоја општина, и мислам дека тоа и ќе се случи, изјави Хоџај. Хоџај додаде дека бил изненаден од погрешниот начин на толкување на кандидатурата на Дева од страна на Белград. Косовскиот министер изјави дека српското раководство би требало да им ја каже вистината на граѓаните дека Србија се движи во процес на прифаќање на независноста на Косово.