Американскиот носач Џорџ Вашингтон стигна на Филипини

Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ пристигна на Филипните за да помогне во меѓународните напори за помош на преживеаните од тајфунот Хаијан. На носачот има 5 илјади морнари, 80 авиони и 21 хеликоптер што е клучно за да се дојде до подрачјата уништени од тајфунот.
Јапонија најави испраќање на илјада војници.
Засега е потврдена смрта на 2357 луѓе. Валери Амос шеф за хуманитарна помош при Обединетите Нации признаа дека одредени подрачја се останати без помош и 6 дена по катастрофата.