Шест тони слонова коска уништени во САД

Над шест тони на конфискувана слонова коска, коски, резби, и накит се претворени во прав во четвртокот во близина на Денвер во американската држава Колорадо. Целта да се привлече внимание врз нелегалната глобална трговија со слонова коска вредна 10 милијарди долари заради која се убиваат 30.000 слонови секоја година, претежно во Африка. Предметите биле запленети од шверцери, трговци, и од туристите во САД. [