Странска помош пристигнува на Филипините

Се интензивираат меѓународните напори за доставување помош до илјадниците преживеани по налетот на тајфунот Хаијан на Филипините. Американскиот носач на авиони Џорџ Вашингтон вечер треба да пристигне на Филипините, заедно со други бродови. На него има 5 илјади морнари и повеќе од 80 авиони. На терен веќе има повеќе од 300 американски војници.
И Јапонија планира да испрати околу илјада војници, како и бродови и авиони. Филипинскиот претседател Бенињо Акино е под зголемен притисок за забрзување на дистрибуцијата на храна, вода и лекови до очајните преживеани по една од најсилните бури регистрирани досега.
Бројот на загинати во тајфунот засега е 2 илјади и 357 луѓе.