Бан Ки Мун загрижен за безбедноста на Либан

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека конфликтот во Сирија сериозно влијае врз соседниот Либан. Тој истакна дека во пораст било прекуграничното насилство, кое е закана за стабилноста и безбедноста, а влијае и врз подлабока поларизација во земјата.
Бан рече дека прелевањето на конфликтот, во кој за две и пол години повеќе од 800 илјади Сиријци пребегале во Либан, ја нарушува и финансиската стабилност на земјата и создава економски и социјални притисоци.
Во извештајот до Советот за безбедност, тој ги осуди бомбардирањето, престрелките и воздушните напади врз либански погранични области и ги повика сириската влада и опозицијата да престанат со таквите активности.