Осло кандидат за домаќин на ЗОИ 2022 година

Норвешкиот главен град Осло стана шести град кој се кандидира за домаќин на Зимските Олимписки игри во 2022 година. Градските власти соопштија дека за тоа би биле потрошени само 5,3 милијарди долари. За споредба, Русија досега потроши околу 51 милијарда долари за олимпијадата во Сочи што ќе се одржи во наредната година.
Другите градови кои се кандидати за домаќини на зимските игри по 9 години, се Стокхолм, Пекинг, Алмати, Краков и Лвов, додека жителите на Минхен на референдум одбија кандидатура на градот.
Денеска завршува рокот за пријавување намера за организирање на олимписките игри во 2022 година.