Повик до младите косовари да не се борат во Сирија

Муслиманските лидери на Косово ги повикаа младите Косовци кои им се приклучиле на бунтовниците во Сирија, да престанат да се борат и да се вратат дома.
Исламската заедница на Косово во денешното соопштение истакна дека судирите во Сирија „немаат ништо заедничко со религиозните принципи“ и само му го продолжуваат животот на сирискиот режим на претседателот Башар ал Асад и страдањата на народот.
Косовските власти објавија дека околу 150 Албанци се приклучиле кон сириските бунтовници и се претпоставува дека 12 од нив се убиени во тие борби.
Повикот е упатен еден ден откако косовските власти уапсија шестмина Албанци, осомничени за планирање терористички напади и за поврзаност со Ал Каеда.
Еден од уапсените веќе војувал во редовите на сириските бунтовници.