Во протестите во Софија четворица повредени

Тројца демонстранти и еден полицаец биле повредени, додека 24 лица биле приведени во текот на вчерашните демонстрации на студентите во обидот да се блокира зградата на парламентот во Софија, соопшти денеска бугарската полиција. Студентите браат оставка на премиерот Пламен Орешарски кој го обвинуваат за врски со сомнителни бизнисмени и за корупција во врвот на државата.