Филе: 2013, успешна година за Албанија

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Тирана изјави дека оваа година била успешна за Албанија. На прес конференција со премиерот Еди Рама, Филе ги поздрави организирањето на парламентарните избори во јуни и напорите на владата во борбата против корупцијата и организираниот криминал. „Мислам дека на албанските граѓани треба да им се даде јасна идеја за начинот по кој државата ќе се интегрира во ЕУ и да им се даде можност самите да констатираат напредок и постигнувања на својата влада во таа насока“, додаде Филе.