Почнува собраниската расправа за Буџетот за 2014

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог буџетот за 2014 година, за кој опозициските пратеници поднесоа 684 амандмани. Најмногу амандмани има од СДСМ - 316, НДП 178, ДПА 150, ПЕИ 33 и НСДП седум. Државната каса за наредната година, според предлогот, ќе изнесува 176,5 милијарда денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 200 милиони, а буџетскиот дефицит 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. И на приходната и на расходната страна има зголемување за 7 проценти во однос на годинашниот буџет. Буџетот е изготвен врз основа на проекција за раст на БДП за следната година од 3,2 проценти и инфлација од 3,3 проценти. Нивото на буџетскиот дефицит, според проекците, ќе изнесува 3,5 проценти.