Премиерот Груевски во посета на Словенија

Македонска владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во еднодневна посета на Словенија.За време на престојот премиерот Груевски ќе има средба со словенечката премиерка Аленка Братушек, а ќе се сретне и со шефот на државата Борут Пахор, како и со претседателот на Собранието Јанко Вебер. Предвидено е и потпишување Меморандум за соработка од областа на спортот. Во состав на владината делегација се и министрите за надворешни работи Никола Попоски, за траспорт и врски Миле Јанакиески и за образование и наука Спиро Ристовски.