Нетанјаху го откажа планот за изградба на еврејска населба на Западниот брег

По упатрените критики од страна на САД и од Палестинците, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се откажа од плановите за изградба на 20 000 нови еврејски домови на Западниот Брег. Во соопштението од неговиот кабинет, се вели дека акцијата создава непотребна конфронтација со меѓународната заедница во период кога се прават напори таа да се убеди за подобар договор со Иран. Претходно, претседателот на палестинскиот национален орган Махмуд Абас рече дека мировниот процес че биде ставен во мирување доколку се продолжи со реализацијата на планот.