Времето денеска - облачно и врнежливо

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во попладневните часови, ќе има и локални врнежи од дожд. Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 14 до 19 степени.
Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 17 степени. Во наредните денови ќе преовладува претежно облачно време со магла по одделни котлини и ќе има постепено опаѓање на температурата.