Претседателот на Азербејџан во посета на Турција

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев допатува во Турција, во прва посета во странство по реизборот во минатиот месец. Алиев ќе разговара со неговиот турски колега Абдула Ѓул и со премиерот Реџеп Таип Ердоган. Главна тема е економската соработка. Азербејџанската државна компанија Соцар ќе гради рафинерија за нафта во Турција, како и карго пристаниште. На агендата е и изградбата на транс-Анатолија гасовод.