Заедничка американско - кинеска воена вежба

Војници од Соединетите Држави и Кина, на Хаваи ја започнаа заедничка вежба за справување со катастрофи. За прв пат, на вежбата која ќе трае до четврток, американските и кинеските сили ќе симулираат заедничка акција за спасување по катастрофа во трета земја. Според аналитичарите, со вежбата се продлабочува американско – кинеската воена соработка, иако релациите меѓу Вашингтон и Пекинг остануваат тензични во врска со некои трговски и други прашања.