Обвинение против главниот бранител на Тимошенко

Главниот бранител на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко е обвинет дека ја тепал својата поранешна сопруга. Сергеј Власенко долгогодишниот адвокат на Тимошенко и нејзин сојузник е обвинет за физичко малтретирање на неговата поранешна сопруга на сослушувањето кај јавниот Обвинител што се одржа синоќа. Претходно тој ги негираше сличните обвинувања поврзани со неговиот развод.