Изградбата на Јужен тек во Србија на 24 ноември

Српската влада соопшти дека изградбата на српскиот дел од рускиот гасовод Јужен тек ќе почне на 24 овој месец. До ова дојде по денешната средба во Белград меѓу српскиот премиер Ивица Дачиќ и претседателот на руската државна компанија Газпром Алексеј Милер. Јужниот тек ќе минува под Црно море, преку Бугарија, Србија и Унгарија до западноевропските земји. Тоа ќе биде една од најголемите инвестиции во Србија во изминативе неколку децении.