Невреме во Хрватска, еден загинат

Едно лице загинало, а десетици биле повредени при силното невреме што минатата ноќ ја погоди Хрватска, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи. Силниот ветар со брзина од 60 метри во секунда корнел дрвја, огради и рекламни паноа, а предизвикал и проблеми во сообраќајот во Загреб и неколку други градови. Во Вараждин еден маж загинал откако врз него паднало дрво, а во Риека биле повредени повеќе од 20 луѓе, од кои двајца се наоѓаат во критична состојба.