Австрија одобри екстрадиција на Шиповиќ

Претседавач на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ ќе биде екстрадиран од Австрија во Македонија.
Тој беше уапсен на виенскиот аеродром по распишана меѓународна потерница, откако беше осомничен за криминал во фирмата „Машинопромет“ и се наоѓа е во екстрадиционен притвор во Виена речиси еден месец.
Во случајот „Претседавач“ 12 лица добија кривични пријави под обвинение за направен криминал тежок еден милион евра во АД „Машинопромет“.
Од нив, осуммина заработија мерка притвор.