Бугарија за време на викендот од своите граници со Турција врати над стотина илегални имигранти, изјави претставник на бугарското МВР Светлозар Лазаров. Според него, група мигранти е запрена на планината Странџа на југоистокот на Бугарија.
Околу 1.200 полицајци се распоредени кон крајот на седмицата во тој планински регион, каде секојдневно стотина имигранти се обидуваат да ја преминат границата.
Во Бугарија само оваа година пристигнаа околу 8.800 имигранти, од кои 60 отсто Сиријци.