Светските сили упатуваат помош за Филипините

Светските сили упатуваат помош за Филипините каде што се стравува дека во тајфунот Хаијан загинале повеќе од 10 илјади луѓе. ОН соопштија дека од катастрофата се погодени 9,5 милиони луѓе. САД, членките на ЕУ, Австралија и ОН најавија хуманитарна помош во храна, ќебиња и засолништа за десетици илјади луѓе. Американското министерство за одбрана испрати 90 маринци и морнари, како и авиони да помогнат во спасувачките операции.