Oлимпискиот факел се врати од вселената

Меѓународниот тим космонаути го врати олимпискиот факел од вселената. Руската капсула Сојуз во која беа рускиот космонаут Фјодор Јурчикин, Американката Карен Најберг и Италијанецот Лука Пармитано слета во Казахстан околу 4 часот утрово. Тројцата космонаути поминаа 166 дена на Меѓународната вселенска станица. Олимпискиот факел пристигна на станицата во четвртокот заедно со новата смена космонаути. Двајца руски космонаути го изнесоа факелот надвор од станицата во вселената, што беше за прв пат во историјата. Олимписките игри почнуваат на 7 февруари во рускиот град Сочи.