Повеќе од 10 илјади мртви во тајфунот на Филипините

Филипинските власти предупредуваат дека бројот на жртви од тајфунот Хаијан може да достигне и 10 илјади само во една погодена област. Властите проценуваат дека во централната провинција Лејте загинале околу 10 илјади луѓе, претежно во лизгање на земјиштето и во уривање згради, изјави полицискиот функционер Елмер Сориа за новинските агенции. Овие бројки не се потврдени од владата на Филипините. На островот Самар има потврда за 300 загинати, а уште две илјади луѓе се водат како исчезнати. Тајфунот Хаијан е една од најголемите регистрирани бури во историјата. Тој ги погоди централните филипински острови во петокот со ветер од околу 275 километри на час и бранови високи по 5-6 метри.