Олимпискиот факел во вселената

Двајца руски космонаути денеска го изнесоа факелот со олимпискиот оган на прошетка низ вселената. Ова се случува за прв пат во историјата. Настанот беше пренесуван во живо на руската државна телевизија. Космонаутот Олег Костов го изнесе незапалениот факел надвор од Меѓународната вселенска станица, а неговиот колега Сергеј Риазански го сними историскиот момент со камера. Руската ракета Сојуз, која во четвртокот беше лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан, го донесе факелот до Меѓународната вселенска станица. Од безбедносни причини, факелот не се пали додека е во вселената. Огнот треба да биде вратен на земјата в понеделник за да ја продолжи штафетата од 65 илјади километри, која треба да заврши на стартот на Олимпијадата во рускиот град Сочи на црноморскиот брег на 7 февруари.