Факелот со олимпискиот оган на прошетка низ вселената

Двајца руски космонаути денеска треба да го изнесат факелот со олимпискиот оган на прошетка низ вселената. Ова се случува за прв пат во историјата. Руската ракета Сојуз, која во четвртокот беше лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан, го донесе факелот до Меѓународната вселенска станица. Од безбедносни причини, факелот не се пали додека е во вселената. Огнот треба да биде вратен на земјата в понеделник за да ја продолжи штафетата од 65 илјади километри, која треба да заврши на стартот на Олимпијадата во рускиот град Сочи на црноморскиот брег на 7 февруари.