Ердоган преконзервативен и за турскиот вицепремиер

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот вицепремиер Булент Аринч најави повлекување од активниот политички живот по судирот со премиерот Реџеп Таип Ердоган за машко-женските студентски домови.

„Сакам да се повлечам од активниот политички живот. Доколку премиерот тоа ми го дозволи и доколку ја почитува мојата одлука, нема да бидам кандидат за која било функција во Владата“, рече Аринч.

Изјавата на вицепремиерот уследи по контрадикторните коментари на Ердоган и Аринч поради најавата на турскиот премиер дека до 2014 година ќе бидат укинати мешовитите студентски домови.