ММФ: економскиот раст повисок од очекуваното

Македонската економија закрепнува, растот е засилен и подобар од сите наши очекувања, оцени ММФ по редовната десетдневна мисија во Македонија. „Ги подобривме прогнозите за развој во 2013 година на околу 2,5 отсто. Клучните двигатели се јавните инвестиции, подобрите резултати на нето извозот од страна на странските мултинационални компании“, изјави шефот на мисијата Ивана Влаткова Ковар. Препораките од ММФ се олабавување на монетарната политика и спроведување на планираното намалување на фискалниот дефицит, почнувајќи со буџетот за 2014 година.