Пад на кредитната активност во Југоисточна Европа

Гувернерите на централните банки на земјите од Југоисточна Европа денеска во Белград оценија дека најголеми проблеми на банкарскиот сектор се опаѓањето на кредитната активност и натамошното повлекување на парите од банките чии централи не се во регионот. На регионалниот самит на кој учествува и вицегувернерот на народна банка на Македонија Маја Кадиевска Војновиќ беше истакнато дека сите земји во регионот полека излегуваат од кризата, но оти и натаму е слаб стопанскиот пораст.