Израел главен осомничен за смртта на Арафат

Палестинската комисија која ја испитува смртта на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат соопшти дека главен осомничен во, како што се наведува, неговото убиство е Израел. Тафик Тирави, шеф на Комисијата денеска изјави дека наодите на научниците покажале оти Арафат не починал од старост или од болест. Наводите дека бил убиен се појавија веднаш по неговата смрт во една болница во Париз во 2005 година. Швајцарски научници вчера соопштија дека во телото на Арафат било пронаједно високо ниво на радиоактивен плутониум.