Израелските војници убиле двајца палестинци

Израелски војници денеска убиле еден палестинец на контролен пункт во близина на Ерусалим. Соопштено е дека палестинецот бил убиен откако со нож почнал да трча кон војниците. Станува збор за второ такво убиство во изминативе 12 часа. Овие убиства се совпаѓаат со напорите на американскиот државен секретар Џон Кери кој е на Блискиот Исток за заживување на израелско палестинските мировни разговори.