Убиени цивили во бомбашки напад во Авганистан

Најмалку осуммина цивили, главно жени и деца, загинале откако поставена бомба крај патот денеска експлодирала во моментот кога минувало нивното возило во јужниот дел на Авганистан. Се претпоставува дека жртвите биле од исто семејство. Локалната полиција соопшти дека бомбата ја поставиле талибанците.